Јунајтед подготвува 120 милиони евра за фудбалерот на Вест Хем

Манчестер Јунајтед повторно ќе потроши многу пари за засилувања. Во последните години „црвените ѓаволи“ издвојуваат голема сума на пари за засилувања кои често не ги исполнуваат очекувњата, а „Сан“ пишува дека на лето може да се види и најголемиот трансфер во историјата на клубот.

Наводно на „радарот“ на Јунајтед се нашол фудбалерот на Вест Хем и англискиот репрезентативец Деклан Рајс. 22-годишниот Рајс може да игра и стопер, и играч за врска, а оваа сезона на 24 меча, постигна три гола со четири асистенции.

Избор за „Сан“ кажува дека Јунајтед би платил неверојатни 120 милиони евра за неговите услуги, што ќе биде најголем трансфер во истријата на клубот, а шести најголем воопшто во фудбалот.

Се вчитува...