Судбината на Џејдон Санчо во редовите на Манчестер јунајтед наскоро би можела да биде разрешена. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Јунајтед го понудил Санчо на Барселона но во замена за поранешното крило на Лидс, Бразилецот Рафиња.
Санчо од крајот на август тренира самостално, откако Ерик тен Хаг го отстрани од екипата. Претходно Санчо изјави во јавноста дека Холанѓанецот лаже кога вели дека го немало на мечот со Арсенал поради „незалагање на тренинзите“.
Доколку Барса се согласи, Санчо во јануари би пристигнал на Камп Ноу.
Исто така, островските медиуми пренесуваат дека Јунајтед веќе донел одлука и во врска со напаѓачот Антони Марсијал. Нему му истекува договорот ова лето и клубот одлучи да не ја искористи опцијата за автоматско продолжување на договорот на уште една година.
Тоа значи дека Марсијал ќе може во јуни 2024 без отштета да бара за себе нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА