Манчестер јунајтед одигра далеку подобар натпревар од Арсенал на теренот, но на крај загуби со 0-1 во дербито на првото коло во Премиерлигата.
„Топчиите“ го искористија невниманието на домашната одбрана во 13. минута, па Калафиори постигна погодок за 0-1 уште во раната фаза од средбата кој се покажа доволен за конечна победа.
До крајот „црвените ѓаволи“ постојано атакуваа во желбата за израмнување, имаа и серија можности и заслужија погодок, но Арсенал успешно се одбрани за прва победа на стартот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

