Матијс де Лихт категорично ја отфрлил можноста за преселба во Манчестер Јунајтед, иако „црвените ѓаволи“ испратиле највисока понуда до Ајакс за капитенот на холандскиот гигант. Агентот Мино Раиола преговара со бројни клубови за најпосакуваниот европски дефанзивец, а Оле Гунар Солскјер бил подготвен да плати највисока сума за Де Лихт.
Понудата од 60 милиони фунти била испратена до Ајакс, но и веднаш одбиена откако самиот фудбалер јасно ставил до знаење дека нема намера да се сели на „Олд Трафорд“. Една од главните причини е што Јунајтед не обезбеди учество во Лигата на шампионите, а Де Лихт е цврсто решен со својот следен клуб повторно да биде дел од елитното европско натпреврување.
Желба на холандскиот репрезентативец е преселба во Барселона, но проблем е што каталонскиот гигант досега не понудил повеќе од 55 милиони евра, десет милиони помалку од проценката на Ајакс за својот капитен. Шанса од позадина чека и Јувентус, а не се исклучува можноста во трката сериозно да се вклучи и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА