Андер Ерера дефинитивно си заминува од Манчестер Јунајтед на крајот од сезонава, откако шпанскиот интернационалец реши да не потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ и како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“. Шпанецот кој ќе наполни 30 години во август бараше плата од 200.000 фунти неделно што „ѓаволите“ не сакаа да му ја платат, по што тој ја донесе одлуката за заминување.
Денеска тоа беше потврдено и од самиот клуб, кој објави видео порака од Ерера со благодарност за сите заеднички моменти минати заедно.
„Срцето ми е црвено, го знам тоа од првиот момент кога го облеков овој дрес и почнав да играм за Јунајтед. Се чуствував специјално секогаш кога моето име беше скандирано од наивачите, горд што сум дел од оваа неверојатна историја. Свесен сум за големината ана овој клуб, ќе го паметам секој од овие речиси 200 натпревари на кои го носев дресот на Јунајтед. Благодарам за овие прекрасни пет години“ – порача Ерера.
Следна дестинација на екс-фудбалерот на Атлетик Билбао се oчекува да биде францускиот првак ПСЖ, со кого Ерера ќе потпише четиригодишен догово за вкупно 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА