Оле Гунар Солскјер е изборот на управата на Манчестер јунајтед за предводник на „црвените ѓаволи“ како привремена замена за Жозе Мурињо до крајот на оваа сезона. Поранешниот голгетер на Јунајтед последните години ги мина како стратег на Молде, но во договорот со норвешкиот клуб имаше клаузула што го ослободуваше доколку добие понуда од најтрофејниот англиски клуб.
Во таборот на „црвените ѓаволи“ решија да ја активираат оваа клаузула и експресно се договорија со Солскјер тој да застане на чело на тимот до крајот на сезонава, во обид да најде излез од кризата во која Манчестер јунајтед падна под водство на Жозе Мурињо.
„Манчестер јунајтед секогаш бил и ќе биде во моето срце, прекрасно е што се враќам во една ваква улога. Со нетрпение очекувам да почнам да работам со исклучително талентирана екипа, заедно со стручниот штаб и сите што се дел од овој голем клуб“ – истакна Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА