Јунајтед повторно ќе пазари од Лестер?

Манчестер Јунајтед на последните девет натпревари во Премиерлигата не знае за пораз па годината ќе ја заврши на втората позиција на табелата. Добрата форма на „црвените ѓаволи“ се должи на фантастичниот напад кој оваа полусезона постигна 31 гол, меѓутоа за тимот на Оле Гунар Солскјер да се надева на титула ќе мора да ја зајакне одбраната, која е најлоша од „топ 10“ тимовите, со 23 примени гола на 15 средби.

Мегваер е стандарден во составот, но неговиот партнер од одбраната постојано варира. На натпреварот со Вулверхемптон оваа улога ја имаше Баји, кој ги исполни очекувањата и беше еден од подобрите на теренот, но како што пренесуваат англиските медиуми, Солскјер веќе има список на желби кој го сочинува и еден играч на Лестер.

Првата „мета“ е Жил Кунде од Севилја. Младиот Французин има потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери на својата позиција, но шпанскиот состав нема лесно да го пушти талентот да замине. Тимот веќе одби една понуда од Сити која изнесуваше 55 милиони евра па јасно е дека „црвените ѓаволи“ ќе треба скапо да го платат централниот бек. На списокот на желби се наоѓаат уште и Сојунџу од Лестер, Торес од Вилјареал, Вајт од Брајтон и Кабак од Шалке.

Се вчитува...