Манчестер јунајтед најверојатно нема да се најде во нокаут фазата во Лигата на шампионите откако вечерва одигра само реми 3-3 на гостувањето кај Галатасарај во меч од 5. рунда од А групата.
И повторно „црвените-ѓаволи“ прокоцкаа на двапати предност од два гола (0-2 и 1-3), а повторно трагичар беше Андре Онана кој прими два идентични гола од слободен удар од Хакиим Зијеш. Гостите по само 18 минути водеа со 0-2 со погодоците на Гарначо и Бруно Фернандеш. Зијеш со својот прв гол од слободен удар намали на 1-2 во 28. минута. Повторно предност од два гола за Јунајтед донесе Мектоминај во 55. минута. Зијеш со својот втор гол од слободен во 62. минута намали на 2-3, додека конечните 3-3 беа дело на Актуркоглу во 71. минута.
Galatasaray [1] – 2 Manchester United – Hakim Ziyech freekick 29′
byu/PSGCampus insoccer
Galatasaray [2] – 3 Manchester United – Hakim Ziyech freekick 62′
byu/PSGCampus insoccer
Севилја исто така прокоцка водство од два гола и загуби со 2-3 од ПСВ Ајндховен. Домаќините поведоа со 2-0 со головите на Рамос и Ен Незири. Но, по црвениот картон на Окампос во 66. минута ситуацијата на теренот тотално се промени. Гостите прво преку Саибари во 68. минута намалија на 1-2, додека со автоголот на Гудељ во 82. минута стигнаа и до израмнување 2-2. Конечните 2-3 беа дело на Пепи во 92. минута.
Sevilla 2 – [3] PSV Eindhoven – Ricardo Pepi 90+2’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА