Јунајтед повторно си играше со нервите на фановите, но сепак победи против Њупорт (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед некако успеа да се пласира во осминафиналето од ФА купот откако денеска во еден типичен меч за нив славеа на гостувањето кај нисколигашот Њупорт со 2-43.

„Црвените-ѓаволи“ како многу пати сезонава брзо стигнаа до убава предност од 0-2 со головите на Бруно Фернандеш во 7. и Коби Маино во 13. минута. Сепак, повторно до крајот на првиот дел следеше шок откако домаќините намалија на 1-2 преку Морис во 36. минута. Шокот да биде уште поголем Њупорт успеа и да израмни на 2-2 во 47. минута. Нов срам за Јунајтед спречи Ентони кој со својот погодок во 68. минута зголеми на 2-3, додека конечните 2-4 беа дело на Хојлунд во 94. минута.

Во осминафиналето Манчестер јунајтед за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Бристол сити и Нотингем Форест.

Newport County 2 – [3] Manchester United – Antony 68‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

 

 

Се вчитува...