Фудбалерите на Арсенал стигнаа до голема победа на домашен терен од 2-0 во дербито на 14. коло во англиската Премиерлига.
Рубин Аморим на овој меч излезе со ултра дефанзивна постава со која одеше на реми, но на крајот успеа да прими два пацерски гола од корнер и со тоа да го забележи својот прв пораз како предводник на „црвените-ѓаволи“.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Тимбер во 54. минута, додека конечните 2-0 ги постави Салиба во 73. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

