Јунајтед „прокоцка“ 0-2 со Астон Вила, Кутињо дебитираше со гол (ВИДЕО)

Ниту двата гола на Бруно Фернандеш и водството од 0-2, не беа доволни Манчестер Јунајтед да дојде до победата во Бирмингем на гостувањето кај Астон Вила. Бруно погоди во 6. минута по асистенција на Телеш, а во 67. минута успеа да зголеми и на 0-2.

Сепак, Кутињо влезе и ги разигра редовите на Астон Вила. Така Рамзи во 77. минута успеа да намали, а во 82. минута Кутињо да израмни на 2-2 за еден бод на тимот на Џерард.

Астон Вила на 0-1 имаше барем три стонастотни шанси да стигне веднаш до израмнување, а потоа Јунајтед казни и стигна до 0-2. Сепак, избраниците на Џерард не се предадоа и брзо дојдоа до „егал“ и на крајот до еден бод.

Се вчитува...