Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед пронајде купувач за играчот кој не сака никој да го види во клубот. Станува збор за Антоан Марсијал.
Откако стигна од Монако во 2015 година за 36 милиони фунти, Французинот никогаш не успеа да го искаже својот целосен потенција. Договорот му истекува на крајот на сезоната, а за Јунајтед да заработи нешто за него, ќе го пушти во јануари.
Според информациите, Интер е заинтересиран за Марсијал, и наскоро би можел да го донесе во своите редови. Наводно Интер понудува позајмица до крајот на сезоната, а потоа задолжителен откуп по цена од 8 милиони евра. Сигурно дека ова нема да биде единствена понуда. Се шпекулира дека и Монако ќе тргне по неговите услуги за да го врати назад, а исто така и Лион го посакув во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА