Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Хуан Мата. На барање на менаџерот Оле Гунар Солскјер, раководството подготви нов договор до 2021 година. Шпанецот веќе пет сезони игра на „Олд Трафорд“ и најави дека би сакал да остане меѓу „црвените ѓаволи“.
Барселона е заинтересирана да го врати Хуан Мата во Шпанија, но се чини дека Манчестер Јунајтед тоа нема да го дозволи и навреме ќе го обезбеди потписот на одличниот играч за врска и за наредните две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА