Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед будно ја следи ситуацијата на „Џузепе Меаца“ и посакува да ја искористи за да го купи Мауро Икарди. Аргентинскиот интернационалец не е во најдобри односи со раководството, ја загуби капитенската лента и се подалеку е од продолжување на соработката. Тој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок, а Оле Гунар Солскјер го посакува како капитално засилување на Манчестер Јунајтед.
Раководството на „црвените ѓаволи“ има и план за реализација на неговата идеја. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати Ромелу Лукаку во Интер и да доплати одредена сума за да го добие Мауро Икарди. Платата за Аргентинецот не би требало да претставува проблем. Инаку, сопругата на Икарди, Ванда Нара која е и негов агент, ги влоши односите со Интер токму поради енормните барања за потпис на нов договор со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА