Манчестер јунајтед и четврти едноподруго натпревар во Премиерлигата не знае за победа, ремизирајќи (2-2) на гостувањето
Соланке уште во 16. минута навести дека ќе биде тоа тежок ден за „црвените ѓаволи“ со водство на домашнте од 1-0. Но, Бруно Фернандеш во 31. минута успеа да израмни на 1-1.
Во 36. минута Клаиверт повторно ги донесе домашните до предност. Јунајтед од пораз го спаси Бруно Фернандеш со голот од пенал во 65. минута.
Тимот на Тен Хаг беше и пред пораз во 95. минута, но ВАР успеа да ги спаси по досудениот пенал, кој беше потоа корегиран во слободен удар на работ на шеснаесетникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА