Јунајтед се спаси во првото полувреме, па потоа го реши Брентфорд (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Брентфорд со 1-3 во заостанатиот натпревар од 17. коло во англиската Премиер-лига. Во првото полувреме домаќините беа далеку подобар противник од фаворитот, но неверојатниот Давид де Хеа успеа да ја сочува својата мрежа.

Откако не ги искористија шансите во вториот дел следеше казна, а „црвените-ѓаволи“ со головите на Еланга, Гринвуд и Рашфорд стигнаа до предност од 0-3. Почесниот погодок за домаќините го постигна Тони во 85. минута.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...