Јунајтед се уште не се откажува од Гринвуд

Манчестер Јунајтед ќе го одложи донесувањето на одлука за иднината на Мејсон Гринвуд за да се консултира со играчите од женскиот тим, пренесуваат англиските медиуми.

21-годишниот напаѓач беше уапсен во јануари 2022 година и суспендиран со целосна плата од клубот по обвинувањата за наводно силување и напад. Кралското обвинителство објави во февруари оваа година дека обвиненијата се отфрлени откако клучните сведоци се повлекоа, но Манчестер Јунајтед најави дека ќе спроведе сопствена внатрешна истрага за да одлучи за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

Клубот планира да одржи дополнителни консултации со играчите на Манчестер Јунајтед кои моментално играат на Светското првенство за жени, вклучувајќи ги Англичанките Мери Ерпс, Ела Тоун и Кејти Зелем.

За „ѓаволите“ играат и Аисату Тункара и Естел Каскарино од Франција, кои како и Англија ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар во сабота наутро.

Откако беа отфрлени обвиненијата против Гринвуд, на некои од играчите во женскиот тим на клубот се вели дека им е крајно непријатно поради можноста напаѓачот да се врати во првиот тим.

Се вчитува...