Јунајтед се врати од „мртвите“ и остана непоразен против Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да се спаси од пораз и од 0-2, да стигне до бод на гостувањето кај Евертон. На крајот осоколениот Јунајтед дури имаше шанса и да победи, но не успеа да го совлада Пикфорд и по трет пат.

Евертон може да жали затоа што прокоцка предност од 2-0 која ја имаше на полувремето. about:blank во 19. минута искористи грешка во одбраната за да донесе 1-0. Дукуре во 33. минута исто така ја користи конфузијата во дефанзивата на гостите, за да донесе 2-0.

Кога се чинеше дека нема излез за Јунајтед, со оглед на очајната игра по првиот дел, Бруно Фернандеш со гол од слободен удар успеа да намали. Овој гол како да им даде крила на играчите на Манчестер, па тала Угарте во 80. минута од средбата донесе израмнување.

На крајот од средбата досуден пенал за Евертон, па потоа истиот поништен по прегледување на ВАР снимката.

Се вчитува...