Јунајтед со барање до Сити за кое му се смее цела Европа

Раководството на Манчестер Јунајтед побарало дозвола од Манчестер Сити фудбалерите Коби Маино и Алехандро Гарначо да патуваат заедно со ѕвездите на „граѓаните“ во Париз на доделувањето на Златната топка со приватен авион, открива „Дејли мејл“.

Ваквото барање експресно било одбиено од страна на Манчестер Сити па Манчестер Јунајтед ќе мора да најде нов начин да ги прати своите таленти во главниот град на Франција.

Манчестер Сити со цел да ги растерети своите фудбалери и фудбалерки од мачно патување изнајмил привател авион кој ќе ги однесе Рубен Дијаз, Фил Фоден, Ерлинг Халанд, Савињо и Родри, односно Јуи Хасегава, Лорен Хемп и Кхадија Шо на галата во Париз.

Се вчитува...