Манчестер Јунајтед се пласираше во следната фаза од ФА купот откако на домашен терен го совлада Ватфорд со 1-0.
Солскјер одлучи на мечот да им даде шанса на фудбалерите кои не се редовни првотимци во тимот, а на крајот и комбинирањето на екипата беше доволно за победа над тимот од Чемпионшип.
Клучниот момент се случи уште на самиот старт од мечот кога во 5. минута стрелаше Скот Мектоминај на асистенција на Португалецот Алекс Телјеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

