Јунајтед со прв трансфер летово, фановите не се воодушевени

Манчестер Јунајтед повторно е поврзуван со бројни фудбалски ѕвезди за време на преодниот рок, но навивачите на „црвените ѓаволи“ останаа разочарани откако првото летно засилување е тотален анонимус – Даниел Џејмс од Свонси, за чии услуги беа издвоени 17 милиони фунти. Овој 21-годишен фудбалер настапува на крилната позиција, каде дополнително ќе ја засили конкуренцијата крај Рашфорд и Марсијал.

„Даниел е интересно младо крило, има преглед во играта, извонредна брзина и е подготвен да работи за да напредува. Имаше одлична сезона во Свонси, а ги поседува и сите атрибути за да успее во Манчестер Јунајтед“ – изјави Оле Гунар Солскјер за своето прво летно засилување.

Велшкиот репрезентативец потпиша договор на пет сезони, според кој Џејмс има загарантирана плата од четири милиони евра по сезона.

Се вчитува...