Секој нов слаб натпревар на Алексис Санчез во дресот на Манчестер јунајтед значи и нова причина за страв на промашено засилување од Јужна Америка. Сер Алекс Фергусон ја утна работата со Хуан Себастијан Верон, но сепак најпромашен трансфер на „ѓаволите“ беше оној на Анхел ди Марија, откако аргентинскиот ас стигна како мега-засилување од Реал Мадрид, но воопшто не се адаптираше на животот во Манчестер и мораше експресно да си замине.
Алексис веќе ги покажува истите „први симптоми“, Чилеанецот не е најдобро примен од соиграчите, што и можеше да се очекува ако се знае дека Мурињо му даде плата од 500.000 фунти неделно, двојно повеќе од следниот на листата на најплаатени во клубот, а пет до десет пати од поголемиот дел од првотимците на Јунајтед. Медиумите тврдат дека Алексис поголемиот дел од времето во тренинг-кампот го минува сам, никој од останатите фудбалери не му помага за побрза адаптација, па затоа не се изненадување неговите слаби игри.
Едно е сигурно, Мурињо нема да го загуби трпението со него и ќе продолжи да му дава шанси, со надеж дека Санчез час поскоро ќе влезе во ритам и ќе потсети на своите најдобри партии во Арсенал. Сепак, доколку тоа не се случи ќе настане уште еден сериозен проблем за „специјалниот“, по оној со Пол Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА