„Јунајтед треба да го шутне Рангник“

Манчестер Јунајтед ја започна оваа сезона со Оле Гунар Солскјер кој по лошите резултати беше притиснат, принуден да си замине од „Олд Трафорд“ по што премиерлигашот одлучи тренерската палка да му ја довери на германскиот стручњак Ралф Рангник.

Рангник треба да е привремено решение, но прашање дали ова беше добар потег на Јунајтед кој делува загубено, постојано губи бодови во шампионатот, доживеа шокантна елиминација на свој терен од Мидлзброу и единствена шанса за трофеј е Лигата на шампионите што е навистина тешка и пеколна мисија.

Има доста коментари за работата на Германецот кој според некогашниот англиски репрезентативец Пол Мерсон мора што побрзо да си замине од клубот, односно воопшто и да не му биде дозволена да ја извршуваа договорената функција во „црвените ѓаволи“ по крајот на сезонава.

„Сто проценти сум сигурен дека Рангник нема да биде на чело на Манчестер Јунајтед следната сезона. Јас имам подеднакви шанси да бидам менаџер, тоа едноставно не го гледам. Прочитав дека велат оти се подобриле, тоа не го гледам. Не ја гледам среќата. Слушам многу работи што излегуваат од Манчестер Јунајтед, тоа никогаш порано тоа не се случило и тоа е мојата грижа. Не треба да се губи време, Јунајтед треба да го шутне Рангник“, заклучи легендата на Арсенал.

Се вчитува...