Јунајтед треба да му каже „фала“ на Сити

Манчестер Јуанјтед се спаси од квалификации за УЕФА Европа лигата претстојново лето, оди директно во групната фаза и тоа благодарение на градскиот ривал, Манчестер Сити. Тимот на Гвардиола го освои трофејот во ФА Купот победувајќи го Вотфорд и им направи услуга и на Јунајтед и на Вулверхемптон.

Ако Вотфорд ја освоеше титулата ќе обезбедеше место во Европа следната сезона, но вака со успехот на Сити профитираат и седмопласираниот Вулверхемптон кој ќе игра квалфикации и шестопласираниот Манчестер Јунајтед кој ќе има главоболка помалку на лето, да минува низ квалификациите во јули и во август. Ќе требаше да почне од второто коло на квалификациите.

Ако требаше да игра квалификации, Јунајтед ќе мораше да го менува веќе направениот распоред со оглед дека клубот веќе има закажано дуел со Тотенхем во Шангај во истиот ден за кога се закажани мечевите од втората квалификациска рунда во Европа лигата.

Се вчитува...