Јунајтед тргна по „вундеркидот“ Малком: Првата понуда е 33 милиони фунти

Манчестер јунајтед ги започна преговорите со Бордо за потписот на бразилскиот „вундеркид“ Малком. Мурињо е подготвен да исплати 33 милиони фунти за 20-годишниот офанзивец и да го врати во редовите на францускиот прволигаш како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Малком е еден од најдобрите млади играчи во Европа, а раководството на клубот е свесно за неговите квалитети и сметаат дека можат да изнудат поголема сума за него, па според информациите од „Дејли меил“ Бордо бара 50 милиони фунти. Малком ја игра втората сезона во виолетовиот дрес, и прераснува во фудбалска ѕвезда импресионирајќи со секој следен натпревар.

Младиот бразилски репрезентативец не е само мета на „црвените ѓаволи“, скаути на Арсенал веќе подолго време го следат развивањето на овој фудбалер, па се очекува Венгер да му конкурира на португалскиот стратег.

Малком сезонава настапи на 18 натпревари во француското првенство и постигна седум гола, додека асистираше на четири.

 

Се вчитува...