Јунајтед тргна во шопинг: Куња е првото летно засилување за „црвените ѓаволи“

Манчестер јунајтед ја заврши најслабата сезона во последните три децении од клупската историја, но „црвените ѓаволи“ денека го комплетираа првиот трансфер со кој се надеваат дека ќе свртат нов лист.

Матеус Куња е нов фудбалер на Јунајтед откако клубот реши да ја активира клаузулата од 62,5 милиони фунти за раскин на неговиот договор со Вулверхемптон. Аморим веќе неколку месеци го „пикираше“ Бразилецот како идеален напаѓач за неговиот систем на игра, самиот фудбалер ја прифати понудата пред околу еден месец, но се чекаше на крајот на оваа натпреварувачка сезона, по што Јунајтед денеска и официјално ја активираше клаузулата.

Токму Куња беше убедливо најдобар фудбалер на „волците“ сезонава, со 17 гола и 6 асистенции спасувајќи го овој тим во борбата за опстанок.

Бразилецот ќе потпише петгодишен договор со „црвените ѓаволи“, а англиските медиуми најавуваат дека ќе го земе и дресот со број десет, што ќе значи и дефинитивно заминување на Маркус Рашфорд од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...