Јунајтед тргнува по Упамекано

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед планира да го ангажира Дајот Упамекано следното лето, откриваат медиумите на Островот. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја активираат клаузулата вредна 38 милиони фунти и да го доведат дефанзивецот на Лајпциг на „Олд Трафорд“.

Упамекано потпиша нов договор со Лајпциг кој го обврзува до 2023 година, но има и отштетна клаузула која доколку биде платена може да направи трансфер во друг клуб.

Оле Гунар Солскјер верува дека со ангажманот на Упамекано конечно ќе бидат решени проблемите кои Манчестер Јунајтед ги има во одбранбените редови.

Се вчитува...