Јунајтед веќе кон финале во Лига Европа: Неверојатни 0-3 во Билбао за едно полувреме (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед веќе ита кон финалето во Лига Европа. По првото полувреме на првиот натпревар од полуфиналната пресметка на гостувањето против Атлетик Билбао, „црвените ѓаволи“ веќе имаат 0-3.

Кашемиро во 30. минута донесе предност од 0-1 за Манчестер јунајтед.

Во 35. минута оправдано досуден пенал и црвен картон за домашниот дефанзивец Вивиан, а Бруно Фернандеш од пенал во 37. минута носи и 0-2.

На 0-3 зголеми повторно Бруно Фернандеш со голот во 45. минута.

Се вчитува...