Јунајтед веќе најде замена: Наследникот на Погба доаѓа од Дортмунд

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, веќе почна да работи на тоа кој да биде наследник на Пол Погба. Французинот очигледно ги игра последните натпревари за „црвените ѓаволи“, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Мадрид, Шпанија.

Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и доколку не потпише нов договор ќе си замине од „Олд Трафорд“ без никакво обештетување.

Во тој случај, раководните лица на Јунајтед ќе се обидат да ги осигураат услугите на англискиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Џуд Белингам, вака барем стои во написите на англиските медиуми.

Белингам е еден од најдобрите англиски млади играчи во Светот и Јунајтед ќе има голема конкуренција во неговиот потпис.

Се вчитува...