Оле Гунар Солскјер нема да биде заменет со друг менаџер следното лето по завршувањето на актуелната сезона тврдат британските медиуми. Bордот на Манчестер јуанјтед и извршниоот потпреседател Ед Вудворд престанале да ги разгледуваат останатите решенија за менаџерското место бидејќи биле силно импресионирани од ефектот што го има Норвежанецот.
Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри беа идентификувани како главни таргети на Јуанјтед, но преродбата на Солскјер го принудава клубот да ја смени одлуката. Дополнитело што за овие двајца тренери Мначестер Јуанјтед ќе треба да палти обештетување, додека со Молде преговрите би биле многу лесни.
Најавите се дури и дека управата на Јуанјтед која објави дека одлуката за менаџреското место ќе биде соопштена на лето, би можела да го смени ставот и за ова и да објави дека Солскјер е постојан менаџаер и порано со што би била прекината целата незиверсност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА