Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за ангажман на крилниот играч на Лил, Николас Пепе. За него се заинтересирани и Арсенал и Пари Сен Жермен, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер побарал од раководството да се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“. Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони фунти за неговите услуги.
Николас Пепе беше избран во најдобриот тим за изминатата сезона во францускиот шампионат и постигна 22 гола во дресот на Лил. Баерн Минхен исто така беше сериозно заинтересиран за него, но во последен момент се отлажа од трката. Сега Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи напаѓачот на Лил пред очите на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА