Манчестер јунајтед во 95. минута испушти триумф на гостувањето против Лион во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, ремизирајќи 2-2.
Лион поведе со голот на Алмада во 26. минута, но Јунајтед успеа да дојде до пресврт, најпрво израмнувајќи со голот на Јоро во 45. минута.
„Црвените ѓаволи“ дојдоа и до посакуван пресврт со голот на Зиркзе во 88. минута, за да сепак Черки во 95. минута ја скрати радоста на Англичаните.
Тотенхем, пак, ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Атлетик Билбао. Екитике уште во 6. минута го доведе германскиот тим до предност од 0-1, но Тотенхем преку Поро успеа да израмни за конечни 1-1.
Глазгов Ренџерс одигра натпревар без голови со Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА