Јунајтед во Анчелоти го гледа спасот за следната сезона!?

Раководните лица на Манчестер Јунајтед ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на актуелниот тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Поголемиот дел од британските медиуми ја пласираа информацијата дека Јунајтед на лето планира да направи „чистка“, а прво задача што треба да ја решат ќе им биде тренерското место.

Актуелниот предводник на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник во новата сезона ќе ја извршува функцијата на спортски директор, додека во игра за менаџерското столче е и тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.

Се вчитува...