Премиерлигашот Манчестер Јунајтед пред крајот на преодниот рок во Англија кој завршува утре на полноќ сака да ја доведе ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Од клубот од „Олд трафорд“ се одлучни да го доведат Данецот, како би можеле до крајот на летото да се ослободат од Пол Погба кој е незадоволен од моменталната ситуација во која се наоѓа Јунајтед, без можност за настап во Лигата на шампионите.
Доколку Ериксен не премине во Јунајтед до четврток, одличниот Данец би можел да ја продолжи кариерата во некој од европските гиганти кој не е Островот, со оглед дека во другите лиги трансфер периодот ќе трае до крајот на август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА