Јунајтед во офанзива: Де Јонг е пред потпис, се „краде“ и договореното засилување на Лион

Ерик Тен Хаг денеска ја имаше првата прозивка во Манчестер Јунајтед, а новиот тренер на ја крие желбата што поскоро да ги добие и посакуваните засилувања, во обид што поскоро да ги врати „црвените ѓаволи“ во борбата за трофеи на англиската и европската фудбалска сцена. Челниците на клубот се свесни за незадоволството, најмногу изразено кај Кристијано Роналдо, кој инсистира на квалитетни засилувања за да остане во клубот, поради што се очекува во следните три дена да биде комплетиран најмалку еден трансфер на „ѓаволите“.

Тоа би требало да биде Френки де Јонг, кој по долгите разговори со Тен Хаг конечно се реши да ја прифати понудата на Јунајтед и да пристигне на „Олд Трафорд“, без оглед на фактот дека англискиот тим нема да биде дел од Лигата на Шампионите. Холанѓанецот ќе има плата од 250.000 фунти неделно во следните четири сезони, а сега останува да се договорат само уште завршните детали со Барселона. Неофицијално, двете страни сакаат трансферот да биде комплетиран до крајот на месецот, а Барса начелно прифатила 65 милиони евра при самиот потпис, плус 20 милиони врзани преку неколку клаузули.

Јунајтед изненадува со обидот во последен момент да го доведе холандскиот фудбалер Тајрел Маласиа. Станува збор за 22-годишен лев бек кој настапува за Феенорд. Маласија е пред потпис со Лион, францускиот клуб веќе се договори со Феенорд околу висината на отштетата, но „црвените ѓаволи“ сега преку „холандското лоби“ предводено од Тен Хаг се обидуваат да го „украдат“ и да го доведат во Премиер-лигата.

Се вчитува...