Ерик тен Хаг го доби она што го посакуваше, холандскиот стратег најпрвин потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, а во следните денови ќе ги добие во тимот и најновите засилувања кои треба да го кренат нивото на игра на „црвените ѓаволи“ во следната сезона. Според информациите од Англија, првите две засилувања на Јунајтед летово ќе бидат сонародници на Тен Хаг, играчи кои моментно се наоѓаат со холандската репрезентација на ЕВРО 2024, но тоа нема да пречи за потпис на договорите со гигантот од „Олд Трафорд“.
Матијс де Лихт ќе биде главното засилување на одбранбената линија на Јунајтед откако Тен Хаг успеал да ги убеди клупските директори да го ангажираат асот на Баерн Минхен за сума од 42,5 милиони фунти. Челниците инсистираа на Брентвејт од Евертон, но откако „карамелите“ останаа упорни на сумаа од 70 милиони фунти што ја бараа за овој фудбалер „црвените ѓаволи“ ги насочија погледите целосно кон Де Лихт. Како што јавува весникот „Билд“, двата клуба ги продолжиле преговорите, Манчестер Јунајтед е подготвен да го плати она што Баернго бара (50 милиони евра) и е очекува Де Лихт во следните денови и официјално да потпиша за гигантот од „Олд Трафорд“.
Заедно со него ќе пристигне и напаѓачот Џошуа Циркзе, кој блескаше во редовите н Болоња. Циркзе има клаузула за откуп од 40 милиони евра, Болоња не дозволи никакво пазарење бидејќи половина од овие пари секако ќе завршат како Баерн (клаузула од 50% од следниот транфер од договорот за трансфер од Баерн во Болоња пред неколку години), а „црвените ѓаволи“ успеаја да ја добијат трката по овој фудбалер за кого се интересираа и Милан, Рома, Арсенал и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА