Јунајтед во „трилер-меч“ славеше над Челси, иако Аморим направи се што може тоа да не се случи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед некако стигнаа до втората победа сезонава во Премиерлигата, откако славеа на домашен терен против Челси со 2-1 во натпревар од 5. коло во домашниот шампионат.

Челси остана со фудбалер помалку по само четири минути откако Мбеумо имаше шанса да донесе водство за домаќините, но голманот на Челси, Санчез стартуваше над него по што доби директен црвен картон и ги остави своите соиграчи на цедило.

Robert Sánchez (Chelsea) straight red card against Manchester United 5'
byu/West_Agent4651 insoccer

Бројчаната надмоќ домаќините ја искористија во 14. минута кога Бруно Фернандеш донесе водство од 1-0. Во 37. минута веќе беше и 2-0 откако Кашемиро најдобро се снајде во шеснаесетникот на противникот. Сепак, до крајот на првиот дел Бразилецот направи голема глупост откако доби втор жолт картон па непотребно го врати во игра гостинскиот тим.

Casemiro second yellow card 45+5'
byu/Etpolo insoccer

Во вториот дел Рубен Аморим уште еднаш покажа дека нема капацитет да води голем тим, па реши да се повлече давајќи му простор на Челси кој во првиот дел не се состави со топката. „Сините“ тоа го искористија и намалија на 2-1 преку Чалоба во 80. минута.

Manchester United 2 – [1] Chelsea – T. Chalobah 80'
byu/West_Agent4651 insoccer

Сепак, „црвените-ѓаволи“ некако успеаја да се одбранат и да ја запишат втората победа сезонава.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...