Манчестер јунајтед го претрпе десеттиот пораз во Премиерлигата оваа сезона, откако загуби на домашен терен од Фулам со 1-2. Сепак, не беа сите тажни поради поразот на „црвените-ѓаволи“.
Пред се, легендарниот менаџер Алекс Фергусон, кој вчера беше далеку од „Олд Трафорд“. Познато е дека големиот тренер е голем љубител на трките со коњи, а поседува и неколку навистина успешни.
Тој вчера се тркаше во Саудиска Арабија каде што неговото младенче „Спирит денсер“ оствари голема победа во Нео Турф Купот. Седумгодишното младенче ја освои првата награда и се верува дека досега на Фергусон му донело повеќе од 1,7 милиони фунти.
Фергусон е снимен како ја прославува големата победа со своите соработници.
Another Middle East celebration for Sir Alex Ferguson as SPIRIT DANCER wins the G2 Neom Turf Cup!!! 💪🏼#SaudiCup pic.twitter.com/3rUI5wcGL9
— World Horse Racing (@WHR) February 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА