Јунајтед загуби како никој друг во историјата, Тен Хаг дециден: Не знаеме да си ја завршиме работата!

Манчестер јунајтед загуби како никој досега никогаш во историјата во Премиерлигата. Имаа „црвените ѓаволи“ предност од 2-3 на гостувањето против Челси се до 100. минута, но потоа дозволија два гола за пораз од 4-3.

На ниту еден клуб досега во историјата на најсилната лига на Англија не му се случило да загуби а да има предност се до 100. минута. Јунајтед имаше водство до 99:17 минути, кога Челси успеа најпрво да израмни со гол од пенал на Палмер, а во следната минута истиот играч да донесе победа од 4-3.

 

Сосема очекувано, менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг беше разочаран по дуелот, нагласувајќи дека проблем на неговиот тим е што не знае да си ја дозаврши задачата.

„Не знам што да кажам. Бевме во победничка позиција со одличен фудбал. Имавме контрола, и потоа потфрливме во само неколку минути. Проблемот е што не знаеме да си ја завршиме работата, да донесеме вистински одлуки во вистински момент. Очигледно е дека не реагиравме доволно добро за да ги избегнеме ситуациите кои се случија. Покажавме дека можеме да бидеме многу опасни, но треба да знаеме кога да ја држиме топката во ситуација кога водиме“ – истакна Тен Хаг по мечот.

Се вчитува...