Манчестер јунајтед обезбеди пласман во петтото коло од ФА Купот на Англија откако тимот на Жозе Мурињо со рутинска игра стигна до триумф од 0-4 на гостувањето против нисколигашот Јеовил.
Овој натпревар беше во фокусот и поради фактот дека на него Алексис Санчез дебитираше во дресот на „црвените ѓаволи“, чилеанскиот ас се прикажа во добро светло иако не се запиша меѓу стрелците, па головите за јунајтед ги постигнаа Рашфорд, Ерера, Лингард и Лукаку.
Нема дилеми дека Алексис ќе биде значаен адут на Жозе Мурињо во преостанатиот дел од сезонава, уште повеќе и поради фактот дека овој играч има право за настап за „црвените ѓаволи“ дури и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА