Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Италија, во сабота од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Илија Несторовски, новиот напаѓач на италијански Асколи, верува дека Македонија доколку биде фокусирана од првата до последната минута може да оствари нов голем резултат против европскиот првак, Италија.
„Знаеме дека Италија од првиот ден максимално се подготвува за натпреварот против нас. Сакаат одмазда за Палермо. Имаат нов селектор, нов принцип на игра и формација. Ние сме фокусирани на нас, одиме чекор по чекор. Под притисок се гледаат јунаците. Во денешниот фудбал секој нов натпревар носи притисок. Се подготвуваме добро и се надевам дека ќе оствариме добар резултат. Ни треба целосна концентарација од првата до последната минута и секој од нас да ги одработи своите задачи. Се надевам дека ќе ни помогне и публиката и ќе биде наш дванаесетти играч. Заедно со нив можеме до позитивен резултат“ – вели Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА