Јуниор ладнокрвно покрај својот татко, па доби лут прекор од Роналдо: „Дојди ваму…!“ (ВИДЕО)

Ал Наср во 20. коло од првенството на Саудиска Арабија славеше против Ал Фатех со 2-1, со нов гол на Кристијано Роналдо. Сепак, тоа што го одбележа мечот е некако сцената пред почетокот на дуелот меѓу Португалецот и неговиот син Кристјано Јуниор.

Јуниор беше со другите деца кои излегоа на терен како би ги поздравиле играчите од првиот тим. Синот на Роналдо се држеше некако по страна, заобиколувајќи го својот татко, но португалскиот ас не можеше да го премолчи тоа па луто му се пушти на Јуниор:

„Крис… дојди ваму, дојди да го поздравиш таткото!“

Јуниор за момент застана, но потоа продолжи понатаму повторно не поздравувајќи го својот татко.

Што се однесува до самиот натпревар, Ал Наср победи со головите на Роналдо во 17. минута и Отавио за 2-1 во 72. минута.

Се вчитува...