Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во пријателскиот натпревар против Романија откако загуби во неизвесна завршница со 82-80.
Предводник на Македонија со 17 поени беше Димитријев, Ќириловски и Петрушевски дадоа по 12 поени, а како двоцифрен со 10 поени средбата ја заврши и Стојковиќ.
„Одигравме доста подобро на оваа втора „контрола“ во Крајова. Задоволен сум од прикажаното, особено во играта во одбраната. Во 90 отсто во текот на играта имавме водство. Во текот на третата четвртина беше и двоцифрено. Она што треба да поправиме е играта во нападот, во кој забележавме доста технички грешки. Секако треба да се земе в предвид дека и на овој натпревар, поради висока температура, не можевме да сметаме на капитенот Јаничиќ, со нас во оваа фаза од подготовките го немаме ниту Луканоски, што носи промена во плановите за натпревар“, изјави селекторот Андреевски по дводневното гостување во Романија.
По враќањето во Скопје јуниорите ги очекуваат последните подготовки пред Европското првенство во „Б“ дивизија кое од 26. јули до 4. август ќе биде одиграно во нашиот главен град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА