Во Гевгелија стартуваше кошаркарскиот меморијален турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија, на кој учествуваат јуниорските селекции на Македонија, Црна Гора, Израел и Грција.
Селекциите до 18 години на Македонија и на Грција го отворија турнирот. Грција беше поуспешна и на крајот славеше со 66-93, и покрај тоа што во неколку наврати нашите кошаркари имаа добри периоди, во кои ја анулираа високата разлика на противникот, и стигнаа во седум.
Меѓутоа гостите се одвоија на почетокот од четвртата четвртина кога со 8-0 стигнаа до 67-51, серија после која немаше враќање.
Кај нашиот национален тим најефикасен беше Шошкиќ кој реализираше 21 поен.
Утре Македонија за противник ја има репрезентацијата на Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА