Јуниорите на МЗТ Скопје загубија со 66-91 од екипата на Цибона во вториот свој натпревар на турнирот во Белград од АБА јуниорската регионална лига.
По претходната победа против Морнар (86-82), овој пат младите „металци“ немаа сила за триумф против Цибона која доминираше од самиот почеток на мечот. Хрватите создадоа предност од првата четвртина која ја добија со 15-24 а потоа рутински ја одржуваа до самиот крај од натпреварот.
Крстевски беше најефикасен кај македонскиот состав со 22 поени, дополнети и со седум скока, додека Славчо Темелковски мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 10 скока. Во победничкиот тим на Цибона предводеа Рудан и Пркачин со по 22 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА