Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе убедлив пораз од 87-73 од Романија во првиот од двата контролни натпревари во Карајова.
Романците овој пат беа далеку подобар противник од нашите јуниори наметнувајќи високо темпо уште од самиот старт. Домаќините ја добија првата четвртина со 29-15 и ја најавија победата задрживајќи го темпото до крајот на средбата. На полувремето предноста за Романија изнесуваше 47-25, по три четвртини игра на семафорот стоеше предност од 65-45, а поразот беше убажен во последните десет минути.
Селекторот Горан Андреевски на овој натпревар не можеше да смета на услугите на капитенот Јаничиќ, Стојановски одигра само две минути, а дел од составот не беше ниту Лукановски кој е прекомандуван во тимот од 20 години.
Во нивно отсуство се истакнаа Стојковиќ и Ќириловски со по 18 реализирани поени, а како двоцифрен со 11 поени средбата ја заврши и Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА