Јуниорите поразени по продолженија во контролата против Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години по продолженија загуби од врсниците од Швајцарија со 92-97 во контролен натпревар кој се одигра во Ботевград.

Сребров и Цветковски го предводеа нашиот национален тим со по 19 поени. Двоен број на поени, вкупно 16, имаше и Терзиевски.

Во листата на стрелците се впишаа уште и Данев, кој постигна седум поени, по шест имааа Најков, Ѓорѓевиќ и Букршлиев, пет постигна Бајалџиев, четири Стојановски, а Несторовски и Димовски имаа по два.

Утре, од 12 часот, исто така во Ботевград, двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар.

Се вчитува...