Машката селекција на Македонија до 18 години го загуби и вториот од двата контролни натпревари кои во изминатите два дена ги играше во Ботевград против Бугарија овојпат со 75-52.
Чолаковски беше единствениот со двоцифрен број на поени, даде вкупно 11 (имаше и шест скока). Луканоски имаше девет, додека Трајанов и Иванов средбата во Ботевград ја завршија со по осум поени.
За потсетување, двете селекции нецели 24. часа порано, одиграа уште еден меч, кој исто така го доби домашната селекција со (77-59).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА