Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација без пораз се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство (Б – Дивизија) што се игра во Романија. На последниот меч од групната фаза, нашите јуниори беа подобри од репрезентацијата на Данска со 80-73.
Најефикасен во македонскиот национален тим беше Марко Миловановиќ со 25 поени.
Македонија во четвртфиналето, кое е на програмата в петок ќе се сретне со Естонија, меч кој е закажан со почеток во 17:55 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА