Јуниорската репрезентација на Македонија во второто коло го претрпе првиот пораз на силниот турнир во Истанбул, губејќи од домаќинот Турција со преубедливи 96-57.
Иако охрабрени по убедливата победа на премиерниот меч против Словачка, избраниците на селекторот Кочов целосно потфрлија, не можејќи да ги запрат налетите на големиот фаворит. Турците уште на самиот почеток поведоа со 17-7, па потоа до крајот ја зголемуваа предноста се до конечните 39 поени разлика.
Михајловски со 13 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот јуниорски состав, пред Стојановски со 12 и Панов и Трсунов со по шест поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА